Консултативните разговори помеѓу Турција и Грција ќе се одржат на 16-17 март во Атина

Според добиени информации од турски функционери, помеѓу делегациите на Турција и Грција ќе се одржат консултативни разговори на 16-17 март во Атина

1598823
Консултативните разговори помеѓу Турција и Грција ќе се одржат на 16-17 март во Атина

Консултативните разговори помеѓу Турција и Грција ќе се одржат на 16-17 март во Атина.

Според добиени информации од турски функционери, делегациите на двете земји ќе се состанат во Атина.

Претходните разговори се одржаа на 25 јануари во Истанбул.

Со овие разговори, Турција и Грција имаат за цел да ги решат присутните проблеми во Егејското Море и Средоземното Море.

Двете земји, разговорите ги започнаа на 12 март 2002 година во Анкара со цел да се подготви основата за „праведно, трајно и сеопфатно“ решение кое ќе може да биде прифатено и од двете страни.

Разговорите коишто беа водени помеѓу потсекретарите на министерствата за надворешни работи продолжија до 2016 година.

Меѓутоа, поради политичката конјуктура и повеќе поради безволниот став на грчката страна не можеше да се организира нова рунда од овие разговори.



Слични вести