Ердоган: Веќе 63 отсто од електричната енергија на Турција се обезбедува од домашни и обновливи извори

Претседателот Ердоган истакна дека веќе 63 отсто од електричната енергија којашто ја користи Турција се обезбедува од домашни и обновливи извори на енергија

1598553
Ердоган: Веќе 63 отсто од електричната енергија на Турција се обезбедува од домашни и обновливи извори

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган својот говор го започна честитајќи им ја светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) на граѓаните и рече: „По повод ноќта Мираџ, посакувам спокојство иблагосостојба за нашата земја, нашиот народ, уметот, за целото човештво.“

Ердоган се осврна на домашните и обновливите енергетски извори во врска со што истакна дека веќе 63 отсто од електричната енергија којашто ја користи Турција се обезбедува од домашни и обновливи извори на енергија.

Тој информира дека третиот брод за длабоко морско дупчење „Кануни“ ги продолжува своите подготовки за сондажа во пристаништето Филјос и дека активностите за сондажа ќе ги започне во април.

Појаснувајќи дека Турција својот трет брод за дупчење го купи за 450 милиони долари, претседателот Ердоган напомена дека доколку овие бродови не беа изградени од нула Турција за активностите коишто ги реализира досега ќе требаше да плати 2 милијарди 100 милиони долари.

„Доколку овие дупчења (сондажи) ги вршевме со изнајмени бродови ќе платевме поголеми цени од оние за кои ги купивме. Со овој метод се стекнавме со едната од неколкуте водечки компании на светот и во сферата на длабокото морско дупчење.“ - рече Тој.

Претседателот Ердоган истакна дека еден по еден се фрлаат чекорите коишто во значителна мера ќе ја намалат зависноста од надвор по прашањето на природниот гас, додека по прашањето на електричната енергија го рече следното: „Веќе пред нас се наоѓа Турција која 63 отсто од електричната енергија што ја користеше минатата година обезбеди од сопствените домашни и обновливи извори на енергија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека благодарение на развиените политики и поттикнатите инвестиции исто така и извозот на рударството од 680 милиони долари е зголемен на ниво од 4 милијарди 300 милиони долари.

 



Слични вести