Ердоган и Путин го поставија камен темелникот на третата единица на нуклеарната централа „Аккују“

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката, ќе ја приклучиме Турција во лигата на земјите кои располагаат со нуклеарна енергија

1598778
Ердоган и Путин го поставија камен темелникот на третата единица на нуклеарната централа „Аккују“
Erdoğan-Putin Akkuyu Nükleer Güç Santrali’nin Üçüncü Ünitesinin Temel Atma Töreni4.jpg
Erdoğan-Putin Akkuyu Nükleer Güç Santrali’nin Üçüncü Ünitesinin Temel Atma Töreni3.jpg
Erdoğan-Putin Akkuyu Nükleer Güç Santrali’nin Üçüncü Ünitesinin Temel Atma Töreni1.jpg
erdogan putin.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин преку видео-конференција учествуваа на церемонијата на свечено поставување на камен темелникот на третата единица на Централата за нуклеарна моќ „Аккују“ (NGS) во Мерсин.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката, Турција ќе се приклучи во лигата на земјите кои располагаат со нуклеарна енергија.

Тој рече: „Одлуката за приклучување кон нашата национална енергетска инфраструктура и на нуклеарната моќ претставува фрлен стратешки чекор во правец на безбедноста на снабдувањето со енергија. Нашата  цел е при поризводство на енергија кон енергетската кошница на нашата земја да ја додадеме нуклеарната енергија која работи со нула емисија и нема никаква штета за животната средина.“

Велејќи дека уделот на домашната и обновливата енергија во склопот на инсталираната моќ на енергија на Турција достигна до ниво од околу 63,7 отсто, претседателот Ердоган го рече следното: „Откривањето на 405 милијарди кубни метри природен гас во Црното Море, стана едниот од најзначајните чекори на нашата одлучност за независна енергија, силна Турција. На 100-годишнината од Републиката ќе ја приклучиме Турција во лигата на земјите кои располагаат со нуклеарна енергија.“

Ердоган исто така напомена дека Централата за нуклеарна моќ „Аккују“ (NGS) е опремена со безбедносни системи од најнапредно ниво и дека воедно се внимава и на усогласеноста со стандардите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Претседателот Ердоган истакна дека нуклеарната централа „Аккују“ со производство на 350 милијарди киловат часа електрична енергија годишно ќе обезбедува приближно 10 отсто од потребите од енергија на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган освен тоа во својот говор истакна дека Турција благодарение на изградената здравствена инфраструктура со сфаќањето за непречен и безбеден туризам е спремна да ги пречека своите руски гости и оваа година.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така во својот говор, меѓу другото го рече следното: „Започнува нов период во нашиот заеднички проект Централата за нуклеарна моќ „Аккују“ (NGS). Реализацијата на проектот ќе обезбеди сериозни придонеси за енергетската безбедност на Турција, уште повеќе ќе ја зајакне нејзината економија. Во проектот 'Аккују' (NGS) се применуваат најстроги безбедносни мерки, правиме сѐ што е во наша можност проектот да биде еко-пријателски.“

 



Слични вести