Спасени 40 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

Екипите на турската крајбрежна стража во Егејското Море во близина на градовите Измир и Мугла спасија вкушно 40 мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1597511
Спасени 40 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

Во Егејското Море во близина на градовите Измир и Мугла се спасени и извадени на копно вкупно 40 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на населеното место Чешме кај Измир на еден гумен чамец се наоѓаат група мигранти, на утврденото место беше испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени 12 мигранти качени на гумен чамец за кои е утврдено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените мигранти беа извадени на копно и по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција.

Во близина на Маалото Бозбурун во населеното место Мармарис кај градот Мугла пак, по добиени информации дека на еден гумен чамец се наоѓаат група мигранти веднаш стапија во акција екипите на Командата на турската крајбрежна стража.

Спасените 15 мигранти за кои е дознаено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати  (присилно вратени) назад кон турските територијални води беа извадени на копно.

Екипите на турската крајбрежна стража спасија и извадија на копно 13 мигранти кои се наоѓале на гумен чамец во близина на Ѓокчебурун кај Мугла и кои биле турнати кон турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција.

 



Слични вести