Сочувство од Пентагон за загинатите турски војници во хеликоптерската несреќа кај Битлис

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Пернтагон жали поради загинатите турски војници во минатонеделната хеликоптерска несреќа.

1597517
Сочувство од Пентагон за загинатите турски војници во хеликоптерската несреќа кај Битлис

Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) објави порака со сочувство за загинатите (шехиди) турски војници во хеликоптерската несреќа што се случи минатата недела (4 март) во четврток кај градот Битлис.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Пернтагон жали поради загинатите турски војници во минатонеделната хеликоптерска несреќа.

Кирби во споделената објава го етикетираше и профилот на Твитер на Министерството за национална одбрана на Турција и го напиша следното: „Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до нашиот НАТО сојузник Турција за војниците кои ги загубија животите и на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, минатата недела на 4 март во четврток, во попладневните часови, воен хеликоптер кој полета од градот Бинѓол се сруши во близина на населеното место Татван кај градот Битлис.

Во несреќата од 13 војници колку што се наоѓаа во воениот хеликоптер животите ги загубија 11 војници, а двајца војници беа ранети.



Слични вести