Развојот на случувањата помеѓу Турција и Египет доведе до вознемиреност кај грчката страна

Умерените изјави коишто почнаа да пристигнуваат од Турција и Египет, доведоа до затегнатост и вознемиреност кај грчката страна

1597446
Развојот на случувањата помеѓу Турција и Египет доведе до вознемиреност кај грчката страна

Тендерот за доделување на лиценца од страна на Египет во парцелата број 18 во Источниот Медитеран земајќи ги притоа во предвид границите на континенталниот гребен на Турција за коишто се известени Обединетите нации (ОН), стана причина за остри критики во грчкиот печат и доведе до вознемиреност кај Грција.

Грчкиот весник „Прото Тема“ во веста што ја објави под насловот „Предавство од Египет“ истакна дека Египет издаде дозвола за истражување на јаглеводородни ресурси во парцелата којашто е ограничена со зоната која од страна на Турција е прогласена за свој континентален гребен. 

Во веста, одлуката на Каиро по ова прашање се оценува како „предавство на три илјади годишната бирократија на државниот механизам на Египет“.

Во веста се наведува дека ваквиот став на Египет стана причина за реакција кај Атина и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по остварениот телефонски разговор со египетскиот претседател Абдулфеттах ес-Сиси итно замина за Каиро. Во веста воедно се подвлекува дека всушност помеѓу Каиро и Атина се доживува недоразбирање коешто произлегува од несогласувањето по прашањето на утврдување на компанијата која ќе врши истражување на јаглеводородни ресурси во областа. 

Еден друг грчки весник „Та Неа“ ја објави веста под наслов „Подмолната игра на Египет со Турција“ кадешто се вели дека изјавите во врска со евентуалното зближување помеѓу Египет и Турција се следат од близу од страна на Владата во Атина.

 



Слични вести