Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Романија

Министерот за национална одбрана Хулуи Акар за време на остварената посета на Амбасадата на Турција во Букурешт изрази уверување дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Романија во наредниот период ќе достигнат до уште понапредно ниво

1597996
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Романија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој престојува во официјална посета на Романија ја посети Амбасадата на Турција во Букурешт.

Акар овде изрази уверување дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Романија во наредниот период ќе достигнат до уште понапредно ниво.

Потоа министерот Акар од страна на амбасадорката на Турција во Букурешт Фусун Арамаз беше информиран за работите на амбасадата и се потпиша во спомен книгата на амбасадата.

Акар во спомен книгата напиша: „Чувствувам големо задоволство од тоа што се наоѓам на официјални разговори во Романија и од посетата на нашата амбасада во Букурешт. Турција и Романија се во соработка по прашањето на изнаоѓање решение за регионални и глобални прашања. Верувам дека   пријателството и соработката помеѓу Турција и Романија во наредниот период ќе достигнат до уште понапредно ниво. Исто така и работите на нашата амбасада во Букурешт обезбедуваат значајни придонеси во развојот на односите помеѓу двете земји.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во рамките на својата посета на Букурешт ќе се состане со својот романски колега, министерот за одбрана Николае Лонел Циуца.

Потоа двајцата министри, Акар и Циуца, ќе претседаваат со меѓуделегациските разговори.

Освен тоа, министерот Хулуси Акар ќе ја посети и Алејата на турските шехиди (паднатите борци) во Букурешт.

 



Слични вести