Министерот Сојлу: Во последните 4 години бројот на вооружените терористи внатре во земјата е намален за 83 отсто

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека во последните 4 години бројот на вооружените терористи внатре во границите на земјата е намален за 83 отсто и речиси е сведен на под 300 лица

1597930
Министерот Сојлу: Во последните 4 години бројот на вооружените терористи внатре во земјата е намален за 83 отсто

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, денеска учествуваше на состанокот за обука и координација на раководителите на единици при Претседателството за специјални операции што се одржа во Анкара.

Министерот Сојлу во говорот што го одржа овде истакна дека во последните 4 години бројот на вооружените терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК е намален за 83 отсто.

Велејќи дека западните земји се обидуваат сепаратистичко-терористичката организација ПКК да ја пласираат во светот како доброќуден (бениген) тумор, меѓутоа истата е злоќуден (малиген) тумор, Сулејман Сојлу рече: „Таа е терористичка организцаија која врши масакр, се бави со трговија на опојни дроги, безмилосно ги убива, киднапира, измачува невините и невооружените луѓе. Поддршката што им ја даваат не се состои само од шлепери наполнети со оружје. Од страна на западните земји на најсилен начин се врши и рекламната кампања на ПКК на меѓународна арена.“ 

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во продолжението на својот говор рече: „Во последните 4 години бројот на вооружените терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК е намален за 83 отсто и речиси е сведен на под 300 лица. Приклучувањето кон организацијата е на најниско ниво во историјата. Спротивно на тоа случаите на напуштање (бегство) на организацијата е на највисоко ниво во историјата. Кон терористичката организација ПКК која годишно имала 5.558 приклучувања, во 2019 година се приклучиле 132 лица. Во 2020 година оваа бројка изнесуваше 53, внатре од границите на земјата оваа бројка за 2021 година во моментов е 2 лица. Во 2020 година кога се приклучиле 53 лица бројот на предадените по пат на убедување изнесува 243 лица. Тоа е приближно пет пати повеќе од бројот на приклучување кон терористичката организација.“

 



Слични вести