Министерот Хулуси Акар во Букурешт се состана со својот романски колега Николае Лонел Циуца

Министерот Хулуси Акар во Министерството за одбрана во Букурешт беше пречекан од страна на неговиот романски колега Николае Лонел Циуца со воена церемонија

1598096
Министерот Хулуси Акар во Букурешт се состана со својот романски колега Николае Лонел Циуца
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Romanya Savunma Bakanı Nicolae Ionel Ciuca.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Romanya.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Romanya Savunma Bakanı Nicolae Ionel Ciuca1.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Romanya Savunma Bakanı Nicolae Ionel Ciuca2.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Romanya Türk Şehitliği.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Romanya Türk Şehitliği1.jpg

Министерот Хулуси Акар во Букурешт кадешто отпатува во официјална посета се состана со својот романски колега, министерот за одбрана Николае Лонел Циуца.

Акар во Министерството за одбрана беше пречекан од страна на Циуца со воена церемонија.

По церемонијата, двајцата министри за одбрана најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегациските разговори.

На разговорите беа разгледани билатерални и регионални безбедносно одбранбени прашања, како и можностите за соработка во одбранбената индустрија.

Министерот Хулуси Акар се заблагодари за покажаното гостопримство и истакна дека Романија е значаен сојузник и дека двете земји реализираат заеднички задачи во бројни мисии на НАТО. 

Велејќи дека постојат значајни чекори коишто можат да бидат фрлени во сферите на воената обука и соработката, Акар го нагласи значењето Црното Море да остане како море на мирот.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, претходно ја посети и Амбасадата на Турција во Букурешт кадешто изрази уверување дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Романија во наредниот период ќе достигнат до уште понапредно ниво.

Акар во спомен книгата на амбасадата го напиша следното: „Чувствувам големо задоволство од тоа што се наоѓам на официјални разговори во Романија и од посетата на нашата амбасада во Букурешт. Турција и Романија се во соработка по прашањето на изнаоѓање решение за регионални и глобални прашања. Верувам дека пријателството и соработката помеѓу Турција и Романија во наредниот период ќе достигнат до уште понапредно ниво.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ќе ја посети и Алејата на турските шехиди (паднати борци) во Букурешт.

 



Слични вести