Претседателот Ердоган по повод 8 март - Светскиот ден на жената: Најжестоко го осудувам секое физичко и ментално насилство врз жените

Претседателот Ердоган во пораката по повод 8 март - Светскиот ден на жената напиша: „Уште еднаш најжестоко го осудувам секој начин на физичко и ментално насилство, како и дискриминацијата врз жените, коишто ги оценувам како злосторство против човештвото“

1596741
Претседателот Ердоган по повод 8 март - Светскиот ден на жената: Најжестоко го осудувам секое физичко и ментално насилство врз жените

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 8 март - Светскиот ден на жената го напиша следното: „Им го честитам 8 март - Светскиот ден на жената на сите наши жени кои со нивната љубов, вложениот труд и самопожртвуваноста, претставуваат надеж за човештвото.

Ердоган рече: „Уште еднаш најжестоко го осудувам секој начин на физичко и ментално насилство, како и дискриминацијата врз жените, коишто ги оценувам како злосторство против човештвото.“

Претседателот Ердоган во својата порака нагласи дека му придава големо значење на поголемото приклучување на жените како основен столб на семејството и општеството, во сите сфери на општествениот живот, од образованието до уметноста, од економијата до политиката.

„Ние како цела нација, мажи и жени, ќе чекориме рамо до рамо кон иднината, со цел да ја издигнеме нашата земја кон уште понапредно и развиено ниво и да ги достигнеме нашите цели. Се гордеам со сите наши жени, кои биле во првите редови во сите сфери од животот низ нашата историја и кои и денеска стануваат пример со својата борба и успешните достигнувања. Ставивме во примена бројни правни и административни реформи, како и многу напредни регулативи со цел да ги решиме прашањата со кои се соочуваат нашите жени во семејството, образованието, деловниот и општествениот живот, на чело со дискриминацијата, одземањето на нивните права и насилството. Уште еднаш најжестоко го осудувам секој начин на физичко и ментално насилство, како и дискриминацијата врз жените, коишто ги оценувам како злосторство против човештвото. Ние ќе ја продолжиме нашата борба со решителност и чувствителност за да создадеме средина каде што нашите жени нема да бидат подложени на насилство.“ - порача претседателот Ердоган.

Тој во својата порака по повод 8 март - Светскиот ден на жената потсети дека во Акциониот план за човекови права којшто беше соопштен неодамна, исто така им се придава место на чекори со коишто ќе се засили борбата против насилството врз жените.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката го додаде и следното: „Од друга страна, ние ќе продолжиме да застануваме против сите видови иницијативи и реторики со кои се има за цел да се наруши семејната структура, како и да ја заштитиме светоста на семејството, како целина од мажи и жени. По тој повод, уште еднаш го честитам 8 март - Светскиот ден на жената, со љубов и почит ги поздравувам нашите мајки, сопруги, нашите женски деца, нашите сестри, сите жени во нашата земја и во светот.“
 



Слични вести