Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Џонсон

Во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе бидат развиени турско-британските односи во бројни сфери и регионални прашања, на чело со трговијата, туризмот, одбраната, земјоделството, услугата, инвестирањето и борбата против Ковид-19

1597393
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Џонсон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон .

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе бидат развиени турско-британските односи во бројни сфери и регионални прашања, на чело со трговијата, туризмот, одбраната, земјоделството, услугата, инвестирањето и борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Ердоган истакна дека доколку тоа го дозволат и условите на пандемијата Турција е спремна во втората половина на оваа година да биде домаќин на Турско-англискиот форум „Татли дил“ (Убав јазик) и изрази уверување дека во месец април ќе започне туризмот без попречувања и на безбеден начин.

Ердоган нагласи дека потпишувањето на Договорот за слободна трговија на 20 декември 2020 година претставува нова пресвртница во односите помеѓу двете земји, а воедно напомена дека чекорите коишто ќе бидат фрлени во овие рамки ќе го олеснат достигнувањето на целта за обем во билатералната трговија во износ од 20 милијарди долари. 

Велејќи дека со задоволство се дочекуваат напорите коишто ги вложува Велика Британија во последно време во однос на Кипарското прашање, претседателот Ердоган истакна дека со решението со две држави не само за двете страни ќе се појави состојба вин-вин (добивај-добивај) за секого од аспект на новите можности за регионална соработка.  

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека Турција исто како на Кипар го продолжува својот конструктивен став и во Источниот Медитеран и во Егејот, а воедно додаде дека и покрај провоцирачките активности и реторики на Грција, Турција ја зачувува својата одлучност за продолжување на ладнокрвниот став и консултационите разговори. 

 



Слични вести