Пораката на Калин до САД во врска со С-400

За жал, досега нема напредок и не се преземени чекори во однос на наведените прашања

1597085
Пораката на Калин до САД во врска со С-400

 

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, во врска со откупот на Турција на ракетно-одбранбениот систем С-400 од Русија рече дека не ќе може да се интегрира во одбранбениот систем на НАТО.

Ибрахим Калин во интервјуто за Блумберг рече дека Турција и Соединетите Американски Држави (САД) имаат различни погледи и ставови во однос на следните три прашања: „Американската поддршка на ПЈД/ЈПГ“, „американските санкции во врска со С-400 и CAATSA (Закон за борба против американските противници по пат на економски санкции) и „одобрување на престојот на челникот на ФЕТО (Фетулахистичка терористичка организација) во САД“.

За жал, досега нема напредок и не се преземени чекори во однос на наведените прашања рече Калин, потенцирајќи дека овие прашања ја формираат основата на загриженоста на националната безбедност на Турција.

Посочувајќи дека Турција верува дека овие прашања можат да се решат преку конструктивен, транспарентен и искрен дијалог, Калин рече:

„Она што треба да го разберат креаторите на американските политики е фактот колку се важни овие прашања за нас…“.

Турција, одлуката за (купување) ракетен одбранбен систем С-400 (од Русија)  не ја донесе за една ноќ.

„Нашите С-400 нема да се интегрираат во одбранбениот систем на НАТО и со тоа нема да претставуваат закана за одбранбениот систем на НАТО“.

На прашањето за вториот пакет С-400, одговорот на Калин гласеше:

„Во тек е процесот во врска со првиот договор и сите тие се дел од истиот процес. Тече процесот на спроведување на истиот договор во различни фази“.

Турција, освен ракетите Патриот, исто така сакаше да купи и од ракетите САМП / Т, произведени од француско-италијанското партнерство.

„Но Франција користејќи ја Сирија како изговор, одлучи да го спречи овој процес. Продолжуваме со преговорите со Франција за да го забрзаме овој процес. Не ги затвораме вратите за опциите“.

Портпаролот на претседателството Калин исто така изјави дека се воспоставени контакти со новата администрација на САД и во тој контекст рече:

„Добро знам дека (претседателот Џо) Бајден е зафатен со многу прашања од внатрешната политика. Ние воспоставивме контакти со нашите колеги и имавме добар почеток, секако дека двајцата претседатели ќе се сретнат“.



Слични вести