Ердоган: Исклучувањето на жените би значело свртување на грбот на половината на човештвото и на создавањето

Претседателот Ердоган истакна дека оној кој исто како и во другите сфери на животот ги исклучува (негира) жените и од политиката го свртува својот грб не само кон половината на човештвото, туку и кон создавањето

1597336
Ердоган: Исклучувањето на жените би значело свртување на грбот на половината на човештвото и на создавањето

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на 6. Редовен конгрес на женските ограноци на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Анкара, истакна дека е згoлемен бројот на жените, ѝ во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), ѝ во јавниот сектор.

Претседателот Ердоган напомена дека оној кој исто како и во другите сфери на животот ги исклучува (негира) жените и од политиката го свртува својот грб не само кон половината на човештвото, туку и кон создавањето.

Велејќи дека е формирана нова комисија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) по прашањето на насилството врз жените, Ердоган рече: „Ќе го направиме она што е во наша можност до крај. Не можеме да дозволиме (жените) да бидат подложени на насилство.“ 

Тој рече: „Оној кој исто како и во другите сфери на животот ги исклучува (негира) жените и од политиката го свртува својот грб не само кон половината на човештвото, туку и кон создавањето. Маката на оние кои ја поставуваат на мета Турција, изоставувајќи ја притоа од вид вистината дека бројот на убиствата врз жените во земјите кои наводно се сметаат за напредни по прашањето на правата на жените се за неколкукратно повеќе, е лично нашиот народ.“

Нагласувајќи дека нема да се западне во играта на оние кои се обидуваат жената да ја исклучат од нејзиното место како мајка, сопруга, ќерка или пак како човечко суштество и да ја прикажат како индивидуа без корен и без душа, претседателот Ердоган рече: „Ќе бидат обележани и во секоја прилика ќе им го откриеме вистинското лице на оние кои ги искористуваат жените за своите пресметки со Турција и со турскиот народ.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека едниот од приоритетите во новиот период ќе биде зајакнувањето на семејството.

 



Слични вести