Акар: Почитувањето на турскиот континентален гребен од страна на Египет е многу значаен развој

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека почитувањето на турскиот континентален гребен од страна на Египет е многу значаен развој и дека се очекува така и да продолжи

1596411
Акар: Почитувањето на турскиот континентален гребен од страна на Египет е многу значаен развој

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дандар, командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукјуз и командант на поморските сили адмирал Аднан Озбал, од фрегатата „ТЏГ Оручреис" во Егејското Море ја следеше воената вежба „Сина татковина 2021". 

Министерот Акар рече: „Почитувањето на турскиот континентален гребен од страна на Египет во активностите за истражување е многу значаен развој, очекуваме така и да продолжи."

„Заедно со воената вежба во ист момент со иста одлучност ги продолжуваме и нашите други национални, меѓународни и НАТО задачи. Во период кога растат ризикот, заканите и опасностите солидарноста во НАТО е дојдена до многу позначајна состојба. По ова прашање имаме прилично конструктивна, планирана и програмирана врска во склопот на НАТО." - рече Акар.

Во врска со почитувањето на турскиот континентален гребен од страна Египет во активностите за истражување во Источниот Медитеран, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека тоа е многу значаен развој и го оцени како позитивно тоа што Египет своите истражувања на јаглеводородни извори во Источниот Медитеран ги спроведува почитувајќи го континенталниот гребен на Турција. 

Хулуси Акар рече: „Тоа е многу значаен развој, очекуваме така и да продолжи. Со Египет имаме заеднички историски и културни вредности. Сметаме дека во наредните денови би можело да дојде до различни случувања во врска со нивното активирање."

 



Слични вести