Во антитерористичките операции во границите на Турција во февруари се неутрализирани 78 терористи

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли соопшти дека во реализираните антитерористички операции за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата во месец февруари се неутрализирани вкупно 78 терористи

1596203
Во антитерористичките операции во границите на Турција во февруари се неутрализирани 78 терористи

Во реализираните антитерористички операции за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата во месец февруари се неутрализирани вкупно 78 терористи. 

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли одржа состанок за месечно информирање на печатот. во врска со активностите на Министерството. 

Чатакли истакна дека во рамките на операциите коишто се спроведуваат за воспоставување на внатрешната безбедност под координација на Министерството во текот на месец февруари во руралните подрачја се реализирани вкупно 7.032 рурални операции од кои 12 од голем и 40 од среден обем.

Велејќи дека воедно се реализирани и 1.583 операции врз ќелиите и соработниците на терористичките организации во градовите, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли информира дека во реализираните операции во текот на месец февруари се неутрализирани вкупно 78 терористи од кои 59 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК, 18 на ДЕАШ и еден терорист припадник на левичарска терористичка организација.

 



Слични вести