Циркулар од претседателот Ердоган за славење на 2021 година како година на Мехмет Акиф Ерсој и националната химна

Во циркуларот се потсетува дека националната химна (химната за независност) која е напишана во најтешките денови на борбата за независност и иднина од страна на Мехмет Акиф Ерсој, е прифатена за национална химна на Турција на 12 март 1921 година

1596131
Циркулар од претседателот Ердоган за славење на 2021 година како година на Мехмет Акиф Ерсој и националната химна

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави циркулар за славење на 2021 година како година на Мехмет Акиф Ерсој и националната химна (химната за независност).

Во циркуларот којшто беше објавен во денешниот број на Службениот весник со број 2021/6 со потписот на претседателот Ердоган се потсетува дека националната химна или како што се нарекува химната за независност која е напишана во најтешките денови на борбата за независност и иднина од страна на Мехмет Акиф Ерсој, е прифатена за национална химна на Турција на 12 март 1921 година. 

Во циркуларот се истакнува дека од страна на сите јавни институции и организации во текот на целата 2021 година која ќе се одбележува и слави како година на Мехмет Акиф и националната химна, со цел да се објасни значењето на националната химна и на Борбата за слобода (19 мај 1919-29 октомври 1923) со учество на народот и граѓаните организации ќе се организираат различни манифестации и програми во знак на прифаќање на националната химна и сеќавање на Мехмет Акиф Ерсој.

 



Слични вести