Стефен Сеиберт информираше за содржината на видео-конференциската средба помеѓу Ердоган и Меркел

Портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт инфомира дека двајцата лидери, разговараа за борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и состојбата во Источниот Медитеран, како и за различни регионални прашања

1596126
Стефен Сеиберт информираше за содржината на видео-конференциската средба помеѓу Ердоган и Меркел

Портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт потсети дека канцеларката Ангела Меркел и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера одржаа видео-конференциска средба.

Сеиберт информира дека двајцата лидери, разговараа за борбата против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и состојбата во Источниот Медитеран, како и за различни регионални прашања.

Притоа, германската канцеларка Ангела Меркел го потврдила значењето на обемните и конструктивните односи меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Велејќи „ Канцеларката повторно го потврди значењето на обемните и конструктивните односи меѓу Турција и ЕУ“, Сеиберт истакна дека претседателот Ердоган и канцеларката Меркел постигнале согласност по прашањето на тоа дека постои потреба од доставување на целосна поддршка внатре од земјата и од надвор за формирањето на Владата на Абдулхамид Дибејбе која дојде на власт во Либија.

Како што истакна портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт, германската канцеларка Ангела Меркел нагласила дека дискутабилните прашања во Источниот Медитеран можат да се решат само по пат на дијалог и на основа на меѓународното право, а воедно Кипарското прашање го дочекала со задоволство тоа што е соопштено дека наскоро со посредување на Обединетите нации (ОН) ќе започнат и неформалните разговори во врска со Кипарското прашање.

 



Слични вести