Претседателот Ердоган ќе се приклучи преку линк во живо на воената вежба „Сина татковина 2021“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе се приклучи преку линк во живо на воената вежба „Сина татковина 2021“ која започна на 25 февруари, а ќе заврши утре на 8 март

1596163
Претседателот Ердоган ќе се приклучи преку линк во живо на воената вежба „Сина татковина 2021“

Воената вежба „Сина татковина 2021“ како една од планираните воени вежби на Командата на поморските сили продолжува да се реализира на еден доста широк простор во водите на Егејското Море и Средоземното Море. 

Воената вежба „Сина татковина 2021“ започна на, 25 февруари, а ќе заврши утре на 8 март.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), со воената вежба „Сина татковина 2021“ се има за цел да биде направена проценка на подготвеноста на штабот, единиците и бродовите во склопот на Командата на поморските сили против евентуални состојби.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се приклучи преку линк во живо делот од воената вежба „Сина татковина 2021“ што се одржува денеска. 

На вежбата со која се има за цел да се покачи нивото на подготвеност на елементите за војување учествуваат 87 бродови, 27 авиони и 20 хеликоптери, а исто така се користат и беспилотни летала. 

На вежбата на којашто се обезбедува користење на беспилотните летала во сферата на поморските операции на оперативно и тактичко ниво, со цел да се создаде средина на вистинска операција се реализирани надводни и противвоздушно одбранбени истрели во кои како цели се користени високобрзински беспилотни летала.



Слични вести