НАТО: Безбедноста на Европа од север ја обезбедуваат САД, Канада и В. Британија, од југ Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека безбедноста на Европа од север ја обезбедуваат САД, Канада и Велика Британија, а од југ Турција, инаку земји од кои ниту едната не е членка на Европската унија (ЕУ)

1596335
НАТО: Безбедноста на Европа од север ја обезбедуваат САД, Канада и В. Британија, од југ Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за француската новинска агенција „АФП“ истакна дека безбедноста на Европа не се потпира на потрагите за „стратешка автономност“ којашто извесно време како сака да ја воведе Европската унија (ЕУ), туку повеќе се потпира на трансатлантски  врски. 

Столтенберг напомена дека безбедноста на Европа од север ја обезбедуваат Соединетите Американски Држави (САД), Канада и Велика Британија, а од  југ Турција, инаку земји од кои ниту едната не е членка на Европската унија (ЕУ). 

Нагласувајќи дека повеќето од земјите членки на Европската унија (ЕУ) истовремено се НАТО сојузници и некаде околу 90 отсто од населението на ЕУ живее во земјите членки на НАТО, Столтенберг истакна дека чувствува задоволство од напорите на Европската унија (ЕУ) за зголемување на одбранбените трошоци, но покажа сомнителен приод кон „стратешката автономност“ за којашто се застанува во одбрана особено од страна на францускиот претседател Емануел Макрон. 

По прашањето на одбранбените трошоци на Европската унија (ЕУ), генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „Ги дочекуваме со задоволство сите овие напори се додека го комплетираат НАТО. Меѓутоа, Европската унија (ЕУ) не може да ја брани Европа.“

Велејќи дека и покрај тоа што 90 отсто од населението на Европската унија (ЕУ) се наоѓа во земјите членки на НАТО само 20 отсто од одбранбените трошоци на НАТО се обезбедуваат од овие земји, Јенс Столтенберг појасни дека НАТО се соочува со бројни предизвици како што се Русија, подемот на Кина, сајбер нападите и меѓународниот тероризам.

Столтенберг нагласи дека географски САД, Канада и Велика Британија ја бранат Европа од север против Русија и дека ниту една од овие земји не е членка на Европската унија (ЕУ).

Јенс Столтенберг рече дека од југоисток пак, мошне голема улога во одбраната на НАТО одигрува Турција која граничи со Сирија и Ирак и која исто така не е членка на ЕУ, а воедно подвлече дека Турција е земја од крајно големо значење особено во борбата против ДЕАШ.

 



Слични вести