Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку изб

Ние сме меѓу првите 10 земји во светот кои можат да ги дизајнираат, градат и одржуваат сопственуте воени бродови

1596281
Ердоган: „Поседувањето силна флота многу повеќе е нужност отколку изб

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека гледано од аспект на Турција, поседувањето силна морнарица, многу повеќе е неопходност отколку избор.

Ердоган на тактичката вежба „Сина татковина (Мави Ватан) 2021“ се приклучи со линк во живо од дворецот Вахдетин во Истанбул.

Претседателот на републиката, во врска со вежбата рече:

„Оваа година ги тестираме нашите домашни и национални системи за оружје со многу посилна, посеопфатна, многу поорганизирана вежба“.

Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција треба да биде силна и на воено и одбранбено поле, а не само економски и политички аспект.

Гледано од аспект на Турција, поседувањето силна морнарица, многу повеќе е неопходност отколку избор, рече Ердоган потенцирајќи:

„Ние немаме никакви претензии кон териториите, морето и суверенитетот на било која земја, ние само се обидуваме да ја заштитиме нашата татковина и нашите права“.

Претседателот Ердоган во говорот исто така потенцираше дека Турција од аспект на беспилотните летала е една од најдобрите 3-4 земји во светот“.

Ердоган продолжи со следните зборови:

„Досега, ние остаривме извоз на повеќе од 130 поморски платформи  произведени во нашите бродоградилишта по цена од над 3 милијарди долари. Со нашата крајбрежна стража, ние го покажуваме присуство на нашите копнени граници, а со нашата морнарица прусиството низ целиот свет за мир и спокој на целото човештво.

Решителни сме Турција да ја искачиме во светската супер лига не само во поморската,туку и во сите други области. Земјата која доминира со морињата доминира и со светот. Поаѓајќи од ова убедување, ние придаваме големо значење на зголемувањето на застражувачката моќ на нашите поморски сили. Ние сме меѓу првите 10 земји во светот кои можат да ги дизајнираат, градат и одржуваат сопственуте воени бродови“.



Слични вести