Турција се збогува со своите 11 шехиди во хеликоптерската несреќа кај Битлис

На одржаната погребна церемонија во Џамијата Ахмет Хамди Аксеки во Анкара учествуваше и државниот и воениот врв

1595988
Турција се збогува со своите 11 шехиди во хеликоптерската несреќа кај Битлис
şehitler.jpg

Турција се збогува со своите 11 војници шехиди кои загинаа во вчерашната хеликоптерска несреќа кај градот Битлис.

На одржаната погребна церемонија во Џамијата Ахмет Хамди Аксеки во Анкара учествуваше и државниот и воениот врв.

На церемонијата присуствуваа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај, претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели, потоа министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, началникот на Генералштаб генерал на армија Јашар Ѓулер и командниот врв на чело со командантите на родовите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор на погребната церемонија на збогување со шехидите рече: „На нашата армија, нашиот народ им посакувам трпение од Бога. Ние им должиме на нашите шехиди. Тие беа излезени на патување за нас. Да се стане шехид претставува најврховен степен (чин). Иншаллах севишниот Бог ќе ни го овозможи овој степен (чин) и нам. Не може секој да се достигне до овој степен, до овој чин, за верата, татковината.“

Инаку, Министерството за национална одбрана вчера соопшти дека попладне во 14:25 часот по турско време е прекината комуникацијата со воениот хеликоптер од типот „Кугер“ којшто полета од градот Бинѓол и леташе кон населеното место Татван кај градот Битлис.

Во реализираните активности за пребарување и спасување беше утврдено дека хеликоптерот се срушил поради неповолните метеоролошки услови во областа.

Во објавеното прво соопштение од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато дека во несреќата станаа шехиди (загинаа) 9 војници, а четворица се ранети.

Потоа беше соопштено дека и покрај сите напори на лекарите во болницата во која беа префрлени четворицата ранети војници, уште двајца војници им подлегнаа на раните со што бројот на шехидите (загинатите) се зголеми на 11 војници.

Лекувањето на двајца ранети војници продолжува.

Мртвите тела на војниците кои станаа шехиди (загинаа) при уривање на воен хеликоптер во руралното подрачје во близина на селото Чекмеџе во населеното место Татван крај градот Битлис и ранетите војници, од местото на настанот со амбулантни возила беа однесени во Државната болница во Татван кај Битлис.

 



Слични вести