Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа

Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш

1595374
Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа

Турција плаче за војниците кои загинаа во хеликоптерската несреќа во Битлис.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој активно ги следи активностите за пребарување и спасување од првиот момент на несреќата, на хероите им посака божја милост, а на нивните семејства и на турските вооружени сили (ТСК) им изрази сочувство.

Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш кој загина во несреќата.

Ердоган на профилите на социјалните мрежи истакна:

„Посакувам милост од Алах на нашите херои кои загинаа во несреќата и што побрзо заздравување на нашите повредени. На нивните ожалостени семејства и на големата нација им изразувам сочувство“.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп во објавата на социјалните мрежи истакна:

„Посакувам милост од Алах на нашите херојски деца и што побрзо заздравување на нашите повредени војници. Искрено сочувство до целата наша нација“.

Потпретседателот Фуат Октај во својата објава на профилите на социјалните мрежи истакна:

„Болката на нашите херојски војници ни ги изгоре срцата. Посакувам милост од Алах на нашите херои, што побрзо заздравување на нашите повредени. Искрено сочувство на нашиот голем народ“.

Портпаролот на Партијата за правда и развој Омер Челик во објавата што ја сподели на социјалните мрежи истакна:

"Изразувам сочувство на нашата нација и нашите херојски вооружени сили. Им посакуваме милост на нашите херои и   посакуваме што побрзо заздравување на повредените војници“.

Кемал Киличдароглу, лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, исто така објави порака со сочувство.

„Нашите срца беа распарчени со горчлива вест. Посакувам милост од Алах на нашите херојски војници и што поскоро заздравување на нашите повредени војници“.

Девлет Бахчели, претседателот на Партијата за националистичко движење рече:

„Им посакувам милост од Алах на нашите херои кои загинаа во овој инцидент што предизвика голема болка и тага кај нашата нација и што поскоро заздравување на нашите повредени херои. Верувам дека овие тешки денови ќе ги надминеме со единство и братство“.

Мерал Акшенер, претседател на партијата İYİ, исто така упати порака со сочувство.

„Посакувам милост од Алах на нашите херои и што побрзо заздравување на нашите повредени војници“.



Слични вести