Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, двајцата лидери Ердоган и Меркел на видео-конференциската средба разговараа за односите помеѓу Турција и Германија и регионални прашања

1596006
Претседателот Ердоган оствари видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел
Cumhurbaşkanı Erdoğan Almanya Başbakanı Merkel Video Konferans.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари видео-конференциска средба со германската канцеларка Ангела Меркел .

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, двајцата лидери Ердоган и Меркел разговараа за билатералните односи помеѓу Турција и Германија и регионални прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека му придаваат големо значење на продолжувањето на редовното контактирање и дијалогот со германската канцеларка Ангела Меркел.

Велејќи дека со одлучност продолжува борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), дека е започнат процесот за постепена и контролирана нормализација и дека исто така интензивно продолжува и програмата за вакцинација, претседателот Ердоган изрази уверување дека заедно со позитивните случувања во месец април ќе започне без пречки и безбедно и туризмот.

Освен тоа, претседателот Ердоган на средбата нагласи дека единствената земја која фактички ги заштитува и им обезбедува помош на милиони Сиријци кои имаат потреба од хуманитарна помош во Сирија е Турција, а исто така укажа на тоа дека Европската унија (ЕУ) треба да достави финансиска и техничка поддршка по прашањето на доброволните враќања на бегалците назад во своите домови во Сирија.

Осврнувајќи се и на ажурирањето на договорот за бегалци од 18 март, претседателот Ердоган појасни дека Турција го продолжува конструктивниот став и по прашањата на Источниот Медитеран и Егејот.

Во меѓувреме, на видео-конференциската средба претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека приоритет претставува што побрзо да добие доверба и да почне со работа новата Влада на Либија 

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателството Ибрахим Калин.

 



Слични вести