Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.601.137

Во последните 24 часа беа остварени 137.885 тестови

1595368
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.601.137

 

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа беа регистрирани 68 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 28.839.

Во последните 24 часа беа остварени 137.885 тестови, а беа регистрирани 685 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 11.322.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 7.892 лица, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 2.601.137.



Слични вести