Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп се состана со премиерот на ТРСК Ерсан Санер

Мустафа Шентоп истакна дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) располага со привилегирано значење за Турција и претставува повод за гордост тоа што се гледа оти соработката помеѓу двете земји со секој поминат ден зајакнува уште повеќе

1594875
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп се состана со премиерот на ТРСК Ерсан Санер

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп вчера во Собранието се состана со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер и делегацијата во негова придружба.

Според објавеното соопштение од претседателството на Собранието, претседателот Мустафа Шентоп во говорот што го одржа овде истакна дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) располага со привилегирано значење за Турција и дека претставува повод за гордост тоа што се гледа оти соработката помеѓу двете земји со секој поминат ден зајакнува уште повеќе.

Велејќи дека Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со духот на соработка и солидарност располагаат со волја и сила за пребродување на сите тешкотии, Шентоп го рече следното: „Би сакале да знаете дека во период кога епидемијата на Ковид-19 влијае длабоко на целиот свет ги вложуваме сите видови напори, сите наши можности за да би можеле да им ја доставиме потребната поддршка на нашите кипарски турски браќа.“

Мустафа Шентоп истакна дека Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) како и секогаш одблизу ги следи случувањата во врска со Кипарското прашање, како национална кауза, и рече: „Јасно стои тоа дека моделот на федерација за којшто се преговараше повеќе од 50 години не можеше да го реши Кипарското прашање поради менталитетот на кипарско-грчката страна од видот 'Јас сум единствениот сопственик на Кипар'.“

„На островот живеат два одделни народи, две одделни демократски уредувања и две одделни држави. Решението е можно само со приод којшто ќе ги земе за основа овие факти. Во тие рамки, ние ја поддржуваме визијата за решение со две држави  на основа на суверената еднаквост на кипарскиот турски народ. И на меѓународната заедница и ја даваме пораката дека треба да покажува почит кон волјата за решение на кипарскиот турски народ.

Загарантирањето на постоењето, слободата и иднината на кипарскиот турски народ, воспоставувањето на неговото спокојство, просперитет и безбедност, продолжувањето на неговиот развој и неговата интеграција со светот ќе продолжат да бидат од нашите приоритети. Турција ќе продолжи да чекори по истиот пат со кипарскиот турски народ.“ - рече претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер пак, истакна дека додека кипарскиот турски народ продолжува да чекори по патот на својата праведна борба, дека благодарение на силата и моќта што ја добива од својата татковина ќе го продолжи својот пат со непоколебливост и дека нема било какво двумење по ова прашање.

 



Слични вести