Претседателот Ердоган: Голем број реформи коишто ги реализиравме претставуваат тивки револуции

Претседателот Ердоган истакна дека со големиот број реализирани реформи коишто ги оценуваат како тивки револуции беше целосно променето лицето (изгледот) на Турција и дека реализираните реформи во последните 2-3 години само по себе претставуваат еп

1595000
Претседателот Ердоган: Голем број реформи коишто ги реализиравме претставуваат тивки револуции

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган, денеска говореше на состанокот на претседателите на градските организации на својата партија во проширен состав при што истакна дека со големиот број реализирани реформи коишто ги оценуваат како тивки револуции беше целосно променето лицето (изгледот) на Турција.

Претседателот Ердоган појасни дека реализираните реформи во последните 2-3 години само по себе претставуваат еп.

Тој рече: „Дури и реформите коишто ги реализиравме само во последните 2-3 години само по себе претставуваат еп. Ние и го придадовме на нашата земја претседателскиот систем на власта, како врвен подем во потрагите по систем на уредување.“

Претседателот Ердоган информира дека Турција ќе се стекне со инклузивен (сеопфатен), јасно разбирлив (јасен), демократски и слободарски Устав којшто ќе ја предводи на патот на следниот век.

Потсетувајќи дека во вторникот и беше соопштен на јавноста Акциониот план за човекови права, Ердоган информира дека и наредната недела ќе биде соопштен пакетот економски реформи.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека бројката на економски раст на Турција е соопштена како 1,8 отсто и додаде дека во период на глобална здравствена криза Турција се наоѓа меѓу неколкуте земји кои остварија раст.

 



Слични вести