При уривање на воен хеликоптер во близина на Битлис загинаа 9 војници, 4 војници се ранети

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана, денеска попладне во 14:25 часот по турско време била прекината комуникацијата со воениот хеликоптер од типот „Кугер“ којшто од градот Бинѓол летал кон градот Битлис

1595269
При уривање на воен хеликоптер во близина на Битлис загинаа 9 војници, 4 војници се ранети

При уривање на воен хеликоптер во близина на градот Битлис станаа шехиди (загинаа) 9 турски војници, 4 војници се ранети.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана, денеска попладне во 14:25 часот по турско време била прекината комуникацијата со воениот хеликоптер од типот „Кугер“ којшто полетал од градот Бинѓол и летал кон населеното место Татван кај градот Битлис.  

Во реализираните активности за пребарување и спасување е установено дека хеликоптерот се срушил поради неповолните метеоролошки услови.

Во несреќата станаа шехиди (загинаа) 9 турски војници, а 4 војници се ранети.

Ранетите војници веднаш се префрлени во болница на лекување.

Потоа Министерството за национална одбрана соопшти дека бројот на војниците кои станаа шехиди (загинаа) во хеликоптерската несреќа со смртта на уште двајца од четворицата ранети војници се зголеми на 11. 

Лекувањето на двајца ранети војници продолжува.

Од друга страна, министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар заминаа за областа за испитување на хеликоптерската несреќа.

 

 



Слични вести