Ердоган: Борбата против Ковид-19 можеме да ја добиеме само со силна солидарност и соработка

Претседателот Ердоган истакна дека борбата против глобалната катастрофа новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можела да се добие само со силна солидарност и со регионална и меѓународна соработка

1595126
Ердоган: Борбата против Ковид-19 можеме да ја добиеме само со силна солидарност и соработка
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ekonomik İşbirliği Teşkilatı 14. Zirvesi.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ekonomik İşbirliği Teşkilatı 14. Zirvesi2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ekonomik İşbirliği Teşkilatı 14. Zirvesi1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ekonomik İşbirliği Teşkilatı 14. Zirvesi3.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на 14. Самит на Организацијата за економска соработка што се одржа во онлајн средина и притоа истакна дека борбата против глобалната катастрофа новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можела да се добие само со силна солидарност и со регионална и меѓународна соработка.

Претседателот Ердоган рече: „Борбата против оваа глобална катастрофа (Ковид-19)  би можеле да ја добиеме само со силна солидарност и со регионална и меѓународна соработка. Транспарентното, пропорционално и привремено својство на задолжителните ограничувачки мерки коишто се преземаат, несомнено се неопходни од аспект на нашата заедничка трговија.“

Ердоган појасни дека ќе биде полезно без да се губи време да се стави во примена Трговскиот договор на Организацијата за економска соработка којшто 17 години како не може да стапи во сила.

Велејќи „Би сакал да го истакнам тоа дека ја сметаме за значајна иницијативата на Кина за Појас и Пат и дека ја поддржуваме оваа иницијатива на основа на добивај-добивај (вин-вин)“, претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „ Го поддржуваме формирањето на Фондот за визија за искористување во финансирањето на проектите предвидени во Документот за визија за 2025 година. Нашиот приоритет потоа е да помогнеме во воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во Карабах и заеднички да ги поправиме штетите од 30 годишната (ерменска) окупација. Ставањето крај на едностраните санкции коишто се применуваат против Иран ќе обезбеди придонес за економскиот просперитет и стабилноста на нашиот регион.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги повика сите членки на Организацијата за економска соработка да ги развијат своите односи со Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во секоја сфера и да и помогнат да ги преброди неправдите на коишто е подложена.

 



Слични вести