Денеска под претседателство на претседателот Ердоган ќе се одржи 14. самит на Организацијата за економска соработка

Денеска во виртуелна средина под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се одржи 14. Самит на Организацијата за економска соработка

1594827
Денеска под претседателство на претседателот Ердоган ќе се одржи 14. самит на Организацијата за економска соработка

Денеска во виртуелна средина под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се одржи 14. Самит на Организацијата за економска соработка.

Во објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството се истакнува дека на 14. Самит на Организацијата за економска соработка ќе учествуваат шефови на држави и премиер на влади на земјите членки, а во својство на земја постамрач ќе учествуваат и претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и генералните секретари на Турскиот совет и на Енергетскиот услов. 

Во соопштението се вели следното: „На самитот што ќе се одржи на тема 'Регионалната економска соработка во периодот по Ковид-19' ќе бидат разменети мислења во однос на зголемувањето на ефикасноста на Организацијата за економска соработка која одигрува задача на мост помеѓу глобалните поризводствени центри, која се наоѓа на едната од раскрсниците на синџирите за снабдување и е едната од најкоренитите организации за економска соработка на нашите простори.“

Освен тоа е соопштено дека на самитот ќе бидат разгледани и прашањата во врска со координацијата на чекорите коишто би можеле да бидат преземени во склопот на организацијата во борбата против епидемијата и во постепидемскиот период, како и зајакнувањето на механизмите за економска соработка за во иднина.



Слични вести