Во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во подрачјата на операциите Маслиново гранче и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи, еден припадник на ДЕАШ, а еден на ПКК/ЈПГ

1594513
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјата на операциите Маслиново гранче и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува дека со елан и одлучност продолжува да се води борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ и ДЕАШ.

Во соопштението се вели следното: „Еден терорист припадник на ДЕАШ за кого е установено дека се подготвува за напад во подрачјето на операцијата Маслиново гранче и еден терорист припадник на ПКК/ЈПГ во подрачјето на оперцаијата Извор на мирот, се неутрализирани без да ги постигнат своите кукавички намери.“

 



Слични вести