Во реализираните операции во февруари се неутрализирани 126 терористи

Во реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во месец февруари внатре во границите на земјата и надвор преку границата се неутрализирани вкупно 126 терористи

1594133
Во реализираните операции во февруари се неутрализирани 126 терористи

Турските безбедносни сили и покрај неповолните временски услови со недели ги продолжуваат антитерористичките операции на теренот во чии рамки и нанесоа тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и во текот на месец февруари.

Во реализираните операции против терористичката ЈПГ/ПКК која за нарушување на мирот, спокојството и безбедноста на Турција не се воздржува да ги поставува на цел и цивилите, децата и бебињата; во месец февруари внатре во границите на земјата и надвор преку границата се неутрализирани вкупно 126 терористи.

Бројот на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК пак, кои се предадоа по пат на убедување во 2021 година се зголеми на 31.

Во меѓувреме, продолжуваат и антитерористичките операции „Ерен“ коишто се започнати од страна на Министерството за внатрешни работи во месец јануари.

Во тие рамки, во февруари беа започнати нови антитерористички операции „Ерен“ во подрачјата на градовите Битлис, Сиирт, Тунџели, Хатај, Османије, Газиантеп, Хаќќари и Ширнак.

 



Слични вести