Турската одбранбена индустрија е мета на отворени или тајни ембарга

Турција, самоуверено и со голема решителност ќе продолжи со дизајнот, развојот и производството  на домашни и национални системи и технологија

1593916
Турската одбранбена индустрија е мета на отворени или тајни ембарга

 

Извршниот комитет на одбранбената индустрија објави дека турската одбранбена индустрија е мета на отворени или тајни ембарга.

По состанокот на Комитетот одржан во претседателскиот комплекс, беше објавено соопштение од Дирекцијата за комуникации при претседателството.

Во соопштението во кое беше подвлечено дека „На состанокот беше истакнато дека турската одбранбена индустрија е мета на отворени или тајни ембарга“ беше истакнато следното:

„Турција, самоуверено и со голема решителност ќе продолжи со дизајнот, развојот и производството  на домашни и национални системи и технологија, за постигнување  на целта за целосно независна одбранбена индустрија“.



Слични вести