Синирлиоглу: „Турција обезбеди заштита на 9 милиони сириски бегалци“

Меѓународната заедница не може да и сврти грб на оваа трагедија и да го стави товарот само на нашите плеќи

1593979
Синирлиоглу: „Турција обезбеди заштита на 9 милиони сириски бегалци“

 

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу истакнувајќи дека Турција обезбеди заштита на 9 милиони сириски бегалци, рече:

„Меѓународната заедница не може да и сврти грб на оваа трагедија и да го стави товарот само на нашите плеќи“.

Феридун Синирлиоглу одржа говор на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) посветена на 10-та годишнина од војната во Сирија, на која се разговараше за човековите права во земјата.

Синирлиоглу нагласи дека покрај тоа што режимот во Сирија продолжува со континуирано кршење на човековите права и дека кризата во земјата и особено со епидемија на новиот вид на коронавирус (Ковид-19) оди лошо, Турција се обидува да го одржи примирјето и продолжува да се бори против тероризмот“.

Постојаниот претставник на Турција во ОН Синирлиоглу рече дека „Во својство на единствената земја членка на НАТО којашто се бори гради в гради со ДЕАШ, уништивме повеќе од 4 илјади терористи на ДЕАШ во Сирија“.

Синирлиоглу ја повика меѓународната заедница да посвети подеднакво внимание на нападите и кршењето на човековите права на сепаратистичката терористичка организација ПКК/ЈПГ.

„Мојата земја е домаќин на 4 милиони Сиријци, односно една петина од целото население на Сирија, чиј режим бара воено решение. Заедно со 5 милиони Сиријци на границата, обезбедуваме заштита и грижа на вкупно 9 милиони Сиријци“ рече Синирлиоглу потенцирајќи:

„Меѓународната заедница не може да и сврти грб на оваа трагедија и да го стави товарот само на нашите плеќи“.

Претседателот на 75-то Генерално собрание на ОН, Волкан Бозкир рече дека „Во позадината на  катастрофата во Сирија постои човечка поплава“. Како последица на убиствата, раселувањето и уривањето, во голема мера беше одземена надежта на сирискиот народ за иднината. Во последните 10 години беа убиени стотици илјади луѓе, градовите беа бомбардирани од воздух и копно и се претворија во урнатини и над половина од населението на земјата се раселени.

„Гладта се користеше како воена тактика за убивање луѓе. Стапката на зголемување на хуманитарните потреби го надмина она што може да го исполни постојниот капацитет. Секое 8 сириско дете има проблеми со развојот поради неухранетост“.



Слични вести