Потпретседателот Фуат Октај го прими грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалиани

На приемот што се одржа во канцеларијата на потпретседателот Фуат Октај и беше затворен за медиумите присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1594593
Потпретседателот Фуат Октај го прими грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалиани

Потпретседателот Фуат Октај го прими грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалиани кој престојува во посета на Турција.

На приемот што се одржа во канцеларијата на Октај и беше затворен за медиумите присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Потпретседателот Фуат Октај му честита на грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалиани за формираната нова Влада во Грузија и му посака успех во новата должност.

Освен тоа, Октај го покани и грузискиот премиер Иракли Гарибашвили да ја посети Турција.

На средбата беа разгледани соработката помеѓу Грузија и Турција и развојот на односите со регионална перспектива. Исто така во рамките на договорот за слободна трговија помеѓу двете земји беше разговарано и за целта за интензивирање на трговските односи по периодот на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На средбата беше подвлечено дека проектот на коридорот на железничката пруга помеѓу двата континента Азија и Европа којшто се нарекува „Железан пат на свилата“ ќе вроди убави резултати од аспект на регионот, а воедно беше постигната согласност за достигнување до понапредна фаза по ова прашање.

 



Слични вести