Ердоган оствари видео конференциска средба со Макрон

Ердоган, на средбата изрази верување дека има сериозен потенцијал за соработка меѓу Турција и Франција

1593894
Ердоган оствари видео конференциска средба со Макрон

 

Вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа видео конференциска средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Двајцата лидери на средбата разговараа за билатералните односи и односите Турција-ЕУ.

Според соопштението објавено од Дирекцијата за комуникации при претседателството, Ердоган по долга пауза повторно оствари средба со францускиот претседател Макрон и пред неговата личност го поздрави францускиот народ.

Ердоган, на средбата изрази верување дека има сериозен потенцијал за развој на соработката меѓу Турција и Франција.

Изразувајќи дека внимателно ја следат борбата на Франција против новиот вид коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече:

„Во име на мојата земја и нација, им изразувам искрено сочувство на граѓаните на Франција кои ги загубија своите животи во епидемијата“.

Објаснувајќи дека Турција вакцинацијата ја продолжува на многу интензивен начин, ние почнавме да фрламе чекори за контролирана нормализација, претседателот Ердоган рече дека досега се вакцинирани околу 10 милиони граѓани.

Претседателот Ердоган, истакнувајќи дека оваа година ќе се  одбележи 100-та годишнина од Договорот од Анкара, потенцираше на големата улога на дијалогот меѓу лидерите на Турција и Франција во односите што беше воспоставен.

Претседателот Ердоган во говорот го изјави и следното:

„Во својство на двајца силни сојузници на НАТО, можеме да дадеме значителен придонес во безбедноста, стабилноста и мировните напори на широка географија од Европа до Кавказ, Блискиот Исток и Африка. Постојат чекори што можеме заеднички да ги преземеме во борбата против терористичките организации кои ја загрозуваат безбедноста на нашите граѓани и имот. Изразуваме надеж Турција и Франција да дејствуваат солидарно во сите овие работи“.



Слични вести