Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов

Алтун изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња

1593928
Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов

 

Директорот на Дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун во Анкара оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Анар Керимов.

Според соопштението објавено од Дирекцијата за комуникации при претседателството, Алтун оствари состанок меѓу делегациите со министерот за култура на Азербејџан Керимов.

На средбата беа разгледани прашања што ќе ја подобрат соработката во областа на комуникацијата, медиумите, културата, ТВ сериите и кинематографијата.

Фахретин Алтун, на состанокот на кој се состанаа делегациите, изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња.

Изјавувајќи дека на светот му покажале дека слоганот „две држави, една нација“ не се само обични зборови, Алтун рече дека за време на ослободувањето на Карабах (од ерменската окупација) тие биле во тесна соработка не само во воена и политичка смисла, туку и во областите на комуникација и медиуми.

Азербејџанскиот министер за култура Керимов изрази големо задоволство што првата официјална надворешна посета ја оствари на Турција.

„Ние поддршката на братска Турција ја чувствуваме низ целата историја, не само за време на војната во Карабах. Пред 100 години, заедно со Кавкаската исламската армија, ги ослободивме Азербејџан и Баку од окупација. Денес Карабах со ваша поддршка го ослободибме од окупацијата. Им благодариме на турската држава и нашите браќа и сестри. Никогаш не ја заборавивме и нема да ја заборавиме оваа поддршка“.



Слични вести