Чавушоглу: „Зависно од случувањата може да постигнеме договор со Египет“

Египет продолжува да го почитува нашиот континентален гребен и ние тоа го прифаќаме позитивно

1594407
Чавушоглу: „Зависно од случувањата може да постигнеме договор со Египет“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека во зависност од текот на односите и исходот на преговорите за поморските надлежности, постои можност да потпишеме договор со Египет.

Мевлут Чавушоглу одржа заедничка прес-конференција со грузискиот министер за надворешни работи Давит Залкалиани кој престојува во официјална посета на Анкара.

На едно прашање во врска со коментарите за прифаќањето на границите на 18-то поле и на турскиот континентален гребен, едно од полињата за лиценца најавено за активности за истражување на нафта и природен гас во Средоземното море од страна на Египет на 18 февруари, министерот Чавушоглу  рече дека Египет и лани кога го потпиша договорот со Грција, ја почитуваше јужната граница на Турскиот континентален гребен.

Египет продолжува со сеизмички истражување во рамките на нејзиниот континентален гребен, без да влезе во континенталниот гребен на Турција.

„Египет продолжува да го почитува нашиот континентален гребен и ние тоа го прифаќаме позитивно“.

Осврнувајќи се на фатот дека Турција и Египет се двете земји со најдолго копно во Источен Медитеран, министерот Чавушоглу рече:

„Зависно од текот на нашите односи и преговори за поморските надлежности, ние можеме да потпишеме договор со Египет“.



Слични вести