Алтун: Зборовите на конгресменот Стив Чабот ја одразуваат природата на турско-американското сојузништво

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека зборовите на американскиот конгресмен Стив Чабот ја одразуваат природата на турско-американското сојузништво

1594603
Алтун: Зборовите на конгресменот Стив Чабот ја одразуваат природата на турско-американското сојузништво

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека зборовите на членот на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) Стив Чабот ја одразуваат природата на турско-американското сојузништво.

Алтун нагласи дека американскиот конгресмен Стив Чабот нуди поддршка од видот што турскиот народ очекува да го види почесто од Вашингтон. 

Истакнувајќи дека зборовите на Чабот ја одразуваат природата на турско-американското сојузништво, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава го напиша следното: „Ние како значаен НАТО сојузник ги заштитуваме невините луѓе во Сирија од режимот и од терористите.“

Инаку, американскиот конгресмен Стив Чабот во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „НАТО сојузникот Турција, зазема место во предните редови во одбраната на невините цивили во северозападниот дел на Сирија против суровиот Асадов режим и неговите поддржувачи. Турција, додека е во тага на првата годишнина од загинувањето на своите 33 војници во Идлиб, моето срце е заедно со турскиот народ и семејствата на загинатите (шехидите).“



Слични вести