Претседателот Ердоган го соопшти Акциониот план за човекови права
Претседателот Ердоган истакна дека во изготвувањето на Акциониот план за човекови права одлучувачки беа потребите и барањата на народот



Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на состанокот за презентација на Акциониот план за човекови права што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.
Претседателот Ердоган истакна дека во подготвувањето на Акциониот план за човекови права одлучувачки беа потребите и барањата на народот.
Нагласувајќи дека Акциониот план за човекови права е подготвен за да се спроведува во период од две години, Ердган рече: „Нашиот план за акција чија визија беше утврдена како слободна единка, силно општество и демократска Турција, започнува со 11 основни принципи.“
Претседателот Ердоган ги наброи првите 3 од тие 11 принципи.
1- Човекот живее со неговите основни права со коишто располага од неговото раѓање. Основната цел и задача на државата е да ги заштити и развива овие права.
2- Човечкото достоинство е под ефикасната заштита на правото, како суштина на сите права.
3- Секој е еднаков пред правото без да станува збор за никаква дискриминација на основа на јазикот, расата, бојата на кожа, полот, политичката мисла, филозофското верување, религијата, сектата и слични причини.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вака ги наброи 9-те цели на Акциониот план за човекови права:
1- Посилен систем за заштита на човековите права
2- Независност на судството и зајакнување на правото на фер судење
3- Правна предвидливост и транспарентност
4- Заштита и развивање на слободите на изразување и организирање и верските слободи
5- Зајакнување на слободата и безбедноста на единката
6- Да се стави под гаранција физичкиот и духовниот интегритет и приватниот живот на личноста
7- Поефикасна заштита на имотните права
8- Заштита на кревките средини и зајакнување на општествената благосостојба
9- Административна и општествена свест на високо ниво по прашањето на човековите права