Порака од САД за сеќавање на загинатите турски војници во минатогодишниот воздушен напад во Идлиб

Портпаролот на Државниот секретаријат (Стејт департментот) на САД Нед Прајс објави соопштение во знак на сеќавање на загинатите турски војници во минатогодишниот воздушен напад во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија

1593331
Порака од САД за сеќавање на загинатите турски војници во минатогодишниот воздушен напад во Идлиб

Портпаролот на Државниот секретаријат (Стејт департментот) на САД Нед Прајс на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во знак на сеќавање на загинатите турски војници во минатогодишниот воздушен напад на сирискиот режим на Бешар Асад во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 33-јца турски војници.

Прајс во објавата напиша: „Пред една година ги загубија животите 33'јца турски војници кои ги заштитуваа невините сириски цивили од ѕверството на Асадовиот режим и неговите подржувачи Русија и Иран. Во знак на сеќавање на нивните спомени и самопоржтвуваности сме покрај нашиот НАТО сојузник Турција.“

Инаку, во реализираниот воздушен напад од страна на сириските режимски сили поддржани од Русија на 27 февруари 2020 година во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) 33'јца турски војници, а 32'јца војници беа ранети.

 



Слични вести