МНР на Иран: Изјавите на нашиот амбасадор во Багдад се погрешно разбрани

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Саид Хатибзаде дека изјавите на амбасадорот во Багдад Ирек Месџиди кој ја критикуваше Турција за прекршување на суверенитетот на Ирак, се погрешно разбрани

1593121
МНР на Иран: Изјавите на нашиот амбасадор во Багдад се погрешно разбрани

Иран наведе дека изјавите на неговиот амбасадор во Багдад Ирек Месџиди коишто ги изнесе во изминатите денови против Турција биле погрешно разбрани.

Според веста на иранската официјална новинска агенција „ИРНА“, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Саид Хатибзаде на одржаната прес-конференција во Техеран одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелни теми.

Притоа Хатибзаде застана во одбрана на тоа дека изјавите на амбасадорот во Багдад Ирек Месџиди кој ја критикуваше Турција за прекршување на суверенитетот на Ирак, се погрешно разбрани.

Портпаролот Саид Хатибзаде во врска со зборовите на иранскиот амбасадор во Багдад го рече следното: „Владите, ѝ на Иран, ѝ на Турција, се на ист став по прашањето на одбраната на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Ирак, што претставува основен принцип на меѓународните односи. Во изјавите на иранскиот амбасадор дојде до погрешно разбирање и оваа состојба со одржаните разговори е надмината.“

Инаку, иранскиот амбасадор во Багдад Ирек Месџиди во изминатите денови даде изјави со кои ја критикуваше Турција за прекршување на суверенитетот на Ирак, по што иранскиот амбасадор во Анкара Мухамед Феразменд завчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Турција и од него беше побарано појаснување во врска со овие изјави.

 



Слични вести