Министерот за надворешни работи Чавушоглу се состана со азербејџанскиот министер за култура Керимов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе ја даде секој вид поддршка за реставрацијата на азербејџанското културно наследство во Нагорно Карабах кое е оштетено за време на годините на ерменската окупација.

1593395
Министерот за надворешни работи Чавушоглу се состана со азербејџанскиот министер за култура Керимов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со азербејџанскиот министер за култура Анар Керимов.

Чавушоглу, со азербејџанскиот министер за култура Анар Керимов се состана во Министерството за надворешни работи во Анкара.

Во направената проценка на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со оваа средба, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе ја даде секој вид поддршка за реставрацијата на азербејџанското културно наследство во Нагорно Карабах кое е оштетено за време на годините на ерменската окупација.

Чавушоглу во споделената објава напиша: „Стоиме зад праведната казуа на Азербејџан на меѓународните платформи на чело со УНЕСКО (Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура).“



Слични вести