Калин: Поддршката на ПЈД-ЈПГ претставува директна закана против националната безбедност на Турција

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин направи проценка на односите помеѓу Турција и САД и истакна дека поддршката на САД на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД-ЈПГ претставува директна закана против националната безбедност на Турција

1593662
Калин: Поддршката на ПЈД-ЈПГ претставува директна закана против националната безбедност на Турција

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин даде изјави за медиумите во врска со актуелните случувања, при што меѓу другото привлече внимание на поддршката што ја даваат Соединетите Американски Држави (САД) на тероризмот и нагласи дека администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден треба да ја промени оваа политика.

Појаснувајќи дека односите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) располагаат со долга историја, Калин рече: „Во текот на овој историски процес беа доживеани бројни удолнини и угорнини. Тогаш кога дојдоа на власт различни управи повремено доживеавме и времиња кога нашите односи беа многу добри, продуктивни; поминавме и од периоди на напнатости. Меѓутоа, ако постои нешто коешто не е променето е тоа што никогаш не е намалено стратешкото значење на Турција во регионот.“

Ибрахим Калин напомена дека управата на Бајден поради нејзиното стратешко значење ќе сака да работи одблизу со Турција и рече: „Секако постојат одредени прашања во кои доживуваме спор. Предавањето на воените авиони Ф-35, санкциите КААТСА (CAATSA), купените противвоздушно одбранбени системи С-400 од Русија, стојат како пакет проблеми. Прашањата како што се присуството на Фетулахистичката терористичка на (ФЕТО) во САД и тоа што сеуште не се презема одредена акција против нив којашто ќе ја задоволи Турција, освен тоа поддршката којашто и се дава на сепаратистичко-терористичката организација ПЈД-ЈПГ, ги сочинуваат нашите  основни проблематични сфери.“

Велејќи дека поддршката којашто Соединетите Американски Држави (САД) ја даваат на ПЈД-ЈПГ е прашање коешто претставува директна закана против националната безбедност на Турција, портпаролот на претседателството Ибрахим Калин ја изнесе следната констатација: „Тоа што САД инсистираат во нивната политика по прашањето на ПЈД-ЈПГ освен тоа што не носи решение по сириското прашање, уште повеќе ги затегнува и им наштетува и на нашите билатерални односи. Управата на Бајден веќе на сериозен начин треба да ја преразгледа оваа политика.“

 



Слични вести