Продолжува задолжителноста на ПЦР тестот за гостите од странство

Оние што ќе се изјаснат дека немаат каде да престојуваат, ќе бидат сместени во карантин од страна на Дирекцијата за здравство

1592547
Продолжува задолжителноста на ПЦР тестот за гостите од странство

Во рамките на мерките за борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19), ќе продолжи „обврската за доставување на ПЦР тест“ за оние што влегуваат во земјата преку граничните премини.

Спроведувањето на имплементацијата „задолжително доставување ПЦР тестови “, за која се потенцира дека ќе продолжи се додека не се донесе ново решение, започна на 30 декември минатата година и беше одлучено да се применува до 1 март.

Во пракса, оние што доаѓаат од странство треба да достават негативен тест. Сите оние коишто нема да поднесат негативен ПЦР тест за последните 72 часа, ќе можат да го искористат правото да се вратат назад или да престојуваат во карантин, на адресата којашто ќе ја пријават во Турција.

Оние што ќе се изјаснат дека немаат каде да престојуваат, ќе бидат сместени во карантин од страна на Дирекцијата за здравство.

На граничниот премин Капикуле, којшто најмногу го користат гостите што доаѓаат од Европа, во рамките на спроведувањето на мерките персоналот на Здравствената дирекција ги продолжува со своите проверки.



Слични вести