Ероган: „Авганистан има посебно место во турската историја“

Братските врски и односи меѓу двете нации датираат од порано

1592971
Ероган: „Авганистан има посебно место во турската историја“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Авганистан има посебно место во турската историја, особено од аспект на нејзината поддршка за борбата за независност и тоа што е една од првите земји кои што ја признаа владата на Големото национално собрание на Турција.

Пораката на претседателот Ердоган што ја испрати до претседателот на Авганистан Ешреф Гани,  по повод 100-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Турција и Авганистан, на церемонијата што се одржа во Авганистан беше прочитана од страна на турскиот амбасадор во Кабул во Авганистан Огузхан Ертугрул.

Ердоган во пораката наведувајќи дека покрај тоа што дипломатските односи меѓу двете земји имаат историја од 100 години, братските врски меѓу двете нации датираат од порано.

„Двете нации делат заедничка историја и култура обединети околу разбирањето за толеранцијата на Мевлана“.

Потенцирајќи на неопходноста од развој на овие односи во сите полиња и нивно пренесување на идните генерации, Ердоган во пораката рече:

„Авганистан секогаш има посебно место во срцето на турската нација. Оваа љубов започна со Селџучката империја и се разви понатаму по прогласувањето на Републиката (на 29 октомври 1923 година). Двете земји секогаш беа една со друга во добри и лоши денови“.

Во пораката на Ердоган, исто така, беше наведено дека Авганистан има посебно место во историјата на Турција поради неговата поддршка во борбата за независност и е една од првите земји што ја признаа владата на Големото национално собрание на Турција.

Истакнувајќи дека Турција е првата земја што отвори амбасада во Кабул, претседателот  Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да работи посветено за унапредување и развој на коренитите братски и пријателски односи меѓу двете земји во сите полиња.



Слични вести