Ердоган: Западните политичари сметката на сопствените неспособности им ја наплаќаат на мигрантите, муслиманите

Претседателот Ердоган во гворот што го одржа по состанокот на претседателскиот кабинет меѓу другото се осврна и на подемот на расизмот и непријателството кон исламот и муслиманите во европските земји

1593038
Ердоган: Западните политичари сметката на сопствените неспособности им ја наплаќаат на мигрантите, муслиманите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, се појави пред камерите и даде изјави во врска со бројни актуелни теми.

Претседателот Ердоган меѓу другото се осврна и на подемот на расизмот и непријателството кон исламот и муслиманите во европските земји.

Ердоган рече: „Денеска културниот расизам во голем број европски земји на чело со Франција, веќе е преобразен во институционален расизам. Западните политичари сметката на сопствените неспособности (непредвидливости) им ја наплаќаат на мигрантите, муслиманите.“

Претседателот Ердоган истакна дека едната од најзначајните одговорности на политичката институција е како што рече „да ја спаси Турција од Уставот од периодот на воениот удар со којшто се удрени пранги на нејзините нозе“.

Тој рече: „Поведувајќи дискусија по прашањето на новиот и цивилен Устав тргнуваме на пат за да го земеме придонесот на секого. За жал до денеска не можевме да се здобиеме со нашиот нов и цивилен Устав, кој му доликува на нашиот народ.“

Велејќи „Секого кој има да каже збор, на чело со сите партии, го повикуваме да заземе место со неговото конструктивно сфаќање во процесот за подговување на новиот и цивилен Устав“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека се тргнати на пат за добивање на придонесот на секого и дека ги започнаа и своите работи во оваа сфера.

 



Слични вести