Ердоган утре ќе го објави Акциониот план за човекови права

Крајната цел на планот е „да се направи нов и граѓански устав“

1592668
Ердоган утре ќе го објави Акциониот план за човекови права

 

Акциониот план за човекови права изготвен од Министерството за правда утре ќе биде објавен од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Крајната цел на планот е „да се направи нов и граѓански устав“.

На програмата на објавувањето на „Акциониот план за човекови права“ што ќе го објави претседателот Ердоган беа поканети и лидерите на политичките партии.

Програмата што ќе започне во 13:30 часот според турско време, ќе се одржи во Конгресниот и културен центар Бештепе.

На програмата, исто така ќе присуствуваат претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, претседателите на високите судови на Турција, членовите на претседателскиот кабинет, претставници на немуслиманските заедници, претставници на Обединетите нации (ОН), Европската унија (ЕУ), Советот на Европа (СЕ), Европски суд за човекови права (ЕСЧП) претседатели на невладини организации, ректори, декани, академици, правници и новинари.

Акциониот план за човекови права, ќе биде главниот документ за политиката на Турција. Планот ќе биде разгледан врз основа на правната предвидливост, транспарентност и отчетност на законодавството и административните активности. Со планот со кој се планира посебно да се потенцира на правото на сопственост, стекнатите права, на личноста на криминалот и на казната и презумпцијата на невиност, поради што се планираат различни промени во овие области.



Слични вести