Фатени се 9 лица кои се обиделе по илегални патишта да преминат од Сирија во Турција

На пограничните премини Џејланпинар кај градот Шанлиурфа и Кизилкаја кај градот Мардин се фатени 9 лица кои по илегални патишта се обиделе да преминат од Сирија во Турција, од кои за 5 мина е утврдено дека се припадници на терористичката организација ПКК

1592879
Фатени се 9 лица кои се обиделе по илегални патишта да преминат од Сирија во Турција

Фатени се 9 лица кои се обиделе по илегални патишта да преминат од Сирија во Турција, од кои за 5 мина е утврдено дека се припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), на пограничните премини Џејланпинар кај градот Шанлиурфа и Кизилкаја кај градот Мардин се фатени 9 лица кои по илегални патишта се обиделе да преминат од Сирија во Турција.

Во реализираното испитување е установено дека 5 мина од 9-те фатени лица се припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од друга страна, во операцијата „Шепа-Тугар“ („Pençe-Kaplan“) во пронајдени засолништа коишто биле користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се запленети големи количини муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „Со операцијата 'Шепа-Тигар' продолжуваме да влегуваме во терористичките дупки во северниот дел на Ирак. Запленивме муниција за пешадиска пушка 80 Ak-47, шаржер за пешадиска пушка 25 Ak-47, 18 шаржери за снајперска пушка Драгунов (СВД), 1 експлозив од рачна изработка и големи количини на материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.“



Слични вести