Денес ќе се одржи состанок на кабинетот на претседателството
Претседателот Ердоган ќе ги објави новите одлуки за ограничувањето на движењето

Денес ќе се одржи состанок на кабинетот на претседателството.
На состанокот на кабинетот на претседателството што ќе се одржи во претседателскиот комплекс под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе бидат утврдени деталите за постепеното нормализирање во рамките на борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Претседателот Ердоган ќе ги објави новите одлуки за ограничувањето на движењето во врска со најновата состојба за едукација лице в лице, отворањето на рестораните и кафулињата.
Процесот на вакцинација во Турција исто така ќе биде оценет на состанокот на владата.
На состанокот ќе се дискутира за најновата состојба во врска со набавката на вакцини нарачани од Кина и Германија како и домашните истражувања за вакцина.
Слични вести

Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Во Турција не е евидентиран вирусот мајмунски сипаници
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: „Во Турција не е евидентиран вирусот мајмунски сипаници“