Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 69 лица, регистрирани се 9.891 позитивен случај

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 69 лица, направени се 130.506 тестирања од кои се регистрирани 645 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 9.891 лице

1593029
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 69 лица, регистрирани се 9.891 позитивен случај

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 69 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 28.638 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 130.506 тестирања од кои се дијагностицирани 645 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 9.891 лице.

Заврши лекувањето на уште 5.947 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 578 илјади 181 лице.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет се појави пред камерите и даде информации  во врска со борбата којашто се води против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Ердоган потсети дека од започнувањето со применување на мерките против епидемијата помина приближно една година и информира дека почнувајќи од 2 март (утре) се преминува кон контролирана нормализација во земјата.

Истакнувајќи дека сите градови (окрузи) во Турција се поделени во 4 групи кои секоја недела ќе бидат анализирани, Ердоган појасни дека согласно случувањата и актуелната состојба еднаш на секои 2 недели ќе бидат стегнати или олабавени мерките.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја достави и следната информација: „Турција со бројот на вакцинираните граѓани којшто достигна до 9 милиони лица досега вакцинира повеќе од 10 отсто од своето население, со што се наоѓа меѓу првите 5 земји во светот.“

 



Слични вести